Едерсон против Њукасл испиша историја, дресот го подари на својот син

by Стефан
1 минути читање

Maнчестер сити во вчерашниот натпревар против Њукасл славеше убедлива поебда од 4:0, а овој натпревар беше посебен за голманот Едерсон.

Едерсон беше асистент на еден од трите гола кои ги постигна Мармуш и со таа асистенција успеа да стане голманот со најмногу асистенции во Премиер лигата.

Бразилскиот чувар на мрежата откри и дека дресот со кој го поставил рекордот ќе го подари на неговиот син.

„Кога се врати дома со дресот, му го подари на синот. На дресот пишува: Со овој дрес испишав историја со шест асистенции во Премиерлигата“, изјави Едерсон.

Едерсон по натпреварот објави и фотографии како нивниот син го носи дресот на својот татко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×