726
Фудбалерите на Манчестер сити денеска славеа убедлива победа над Њукасл со 4:0, а најдобар на теренот беше Омар Мармуш кој блескаше во првото полувреме.
Новото засилување на англискиот гигант во првиот половина час постигна хет-трик по кој Њукалс не можеше да се врати. Првиот гол го постигна во 19. минута, а потоа стрелаше во 24. и 33. минута.
Ретко создаваше прилики Њукасл и не успеваше да се закани, па „граѓаните“ ја задржаа предноста. Мекти во завршницата ги постави конечни 4:0.
На останатите средби Брентфорд на гости го совлада Вест Хем со 0-1, Бормут славеше над Саутемптон со 1-3, додека Астон Вила и Ипсвич одиграа реми 1-1.