Анчелоти: Сезоната сега почнува за нас!

by riste
0 минути читање

Реал Мадрид во спектакуларен меч го победи Манчестер Сити со 3-2 на Етихад, а по мечот Карло Анчелоти не го криеше задоволството.

Реал Мадрид не блескаше во првиот дел од сезоната, но кралскиот клуб се буди.

„Заслуживме да победиме. Ова е фер резултат. Сезоната за нас почнува сега“, вели Анчелоти по мечот.

Италијанскиот стратег вели дека провокацијата од фановите на Сити била дополнителна мотивација за Винисиус.

„Банерот со Родри и Златната топка? Не знам дали Вини го виде тоа, но гледајќи го натпреварот, ако го видел тоа, тоа било голема мотивација за него“, рече Италијанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×