65
Ѕвездата на Тотенхем вчера предизвика контроверзија откако на сред натпревар без многу двоумење покажа среден прст.
Не беше јасно за кого беше наменет ваквиот непристоен гест, но многумина веруваат дека бил упатен кон главниот судија.
По крајот на средбата на социјалните мрежи се огласи самиот Деле Али, кој даде необично објаснување.
„Само да појаснам, гестот беше шега помеѓу мене и мојот добар пријател Кајл Вокер. Се извинувам доколку некого навредив! Одлична победа вечерва“ – напиша фудбалерот на Твитер.