668
Трката за најдобар стрелец во Европа и популарната „Златна копачка“ е во полн ек.
Во битка за ова признание се повеќе фудбалери, а во зависност од тоа во кои лиги настапуваат головите носат различен број на бодови. Токму поради тоа, на пример најдобриот стрелец во Европа во моментов Виктор Ѓокереш иако има најмногу голови котира само на осмото место.
Во моментов водечки се Мохамед Салах и Хари Кејн пред Матео Ретеги, Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски.
- Трката за „Златната копачка“:
- Мохамед Салах – 21 гол, 42 бода
- Хари Кејн – 21 гол, 42 бода
- Матео Ретеги – 20 гола, 40 бода
- Ерлинг Халанд – 19 гола, 38 бода
- Роберт Левандовски – 19 гола, 38 бода
- Александер Исак – 17 гола, 34 бода
- Крис Вуд – 17 гола, 34 бода
- Виктор Ѓокереш – 22 гола, 33 бода
- Осман Дембеле – 16 гола, 32 бода
- Килиан Мбапе – 16 гола, 32 бода