Јувентус подготвен да ги продава Влаховиќ и Камбиасо, а веќе има две големи трансфер мети!

by 24 фудбал
1 минути читање

Управата на Јувентус во последно време е незадоволна од Душан Влаховиќ, а за тоа најдобро зборува фактот дека на позајмица го донесе Рандал Коло Муани од ПСЖ.

Челниците на „старата дама“ се отворени за продажба на Влаховиќ, а за неговите услуги бара најмалку 50 милиони евра. Тоа е 30 помалку од сумата која ја платија за неговото доведување. Освен Србинот во следниот преоден рок капитална продажба може да биде и Андреа Камбиасо за кој Сити беше подготвен да плати околу 60 милиони евра.

Доколку се исполнат тие две продажби Јувентус веќе има две зацртани цели.

Станува збор за Виктор Осимен кој е фудбалер на Наполи позајмен во Галатасарај, како и Сандро Тонали кој настапува за екипата на Њукасл. Двајцата не се ефтини, ама со финансиска инекција од потенцијалните трансфери на Влаховиќ и Камбиасо се достижни трансфер мети за налето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×