ПСЖ ги израдува навивачите, нови договори за Енрике, Хакими, Витиња и Мендеш!

by 24 фудбал
0 минути читање

Пари Сен Жермен пред натпреварот против Монако во Лига 1 ги израдува навивачите.

„Светците“ продолжија договори со неколку свои фудбалери, како и со тренерот Луис Енрике. Шпанскиот стратег стави потпис на договор до 2027 година.

Освен Енрике, потписи на нови договори ставија и Ашраф Хакими, Витиња и Нуно Мендеш. Сите тројца парафираа соработка до 2029 година.

Сето тоа беше промовирано на теренот на „Паркот на принцовите“ пред полните трибини на посебна церемонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×