133
Лукаку синоќа беше еден од најзаслужните за победата на Белгија над Грција со која станаа првата земја од европскиот континент која се квалификува за Светското првенство во Русија.
Откако го постигна голот, Лукаку ги стави рацете на ушите се сврте кон грчките навивачи. Напаѓачот на Јунајтед објаснува зошто го направил тоа и кажува дека имал проблеми и со еден од грчките дефанзивци.
„Дефанзивецот ме иритираше и вербално и физички. Но не ми беше гајле. Јас победив, тој загуби“ – вели Лукаку.
„Ме иритираа и грчките навивачи затоа прославив така. Ми пуштаа ласер во очите, но го очекував тоа. Најзабавно во фудбалот е кога ќе победиш на натпревари под вакви услови“.