89
ЦР7 одработува суспензија од пет натпервари во Шпанија поради тоа што го турна судијата на дуелот со Барселона во Суперкупот на Шпанија.
Кристијано Роналдо можеше да биде пратен на „ладење“ и за Португалија откако вчера на дуелот со Унгарија одново покажа агресија.
Во финишот од средбата, тој со пета му ја протна топкта низ нозе на противникот Атила Фиола. Дефанзивецот на Унгарија потоа имаше минимален контакт со Кристијано Роналдо, по што ЦР7 реагираше неспортски и го удри.
Судијата на двајцата им покажа само жолт картон, но лесно можеше на Кристијано Роналдо да му додели црвен.