Ливерпул со „покер“ во мрежата на Тотнем закажа финале со Њукасл (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Ливерпул лесно се справи со Тотнем и со триумф од 4:0 го надополни поразот од првиот натпревар (1:0) за финале во Лига Купот.

Тотнем кој игра очајна сезона во Премиер лигата и се наоѓа на 14. место и вечерва не блескаше.

Гакпо во 34. минута ја најави победата на „црвените“ со голот по асистенција на Салах. Со предност од еден гол, Ливерпул замина и на паузата.

Тотнем ниту во првото, ниту во второто полувреме не упати удар во рамките од голот, додека Ливерпул во вториот дел постигна уште три за убедливи 4:0. Во листата на стрелци се запишаа: Салах, Шобослаи и Ван Дајк.

Во финалето Ливерпул ќе игра против Њукасл кој вчера го елиминираше Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×