Шпанските клубови бараат санкција за Реал поради притисок врз судиската организација!

by 24 фудбал
1 минути читање

На состанокот на сите клубови од шпанските Ла Лига и Ла Лига 2 повеќето од присутните имаа став дека мора да се санкционира Реал Мадрид поради вршење пресинг врз судиите.

Ова беше прв ваков состанок во Шпанија, а единствен клуб без свој претставник беше токму Реал. „Кралскиот“ клуб со тоа им испрати јасна порака на останатите што мисли за таквите собири. Тие реагираа јавно за неодамнешните спорни одлуки на нивна штета во дуелот со Еспањол (1-0).

По тој меч се крена огромна прашина, Реал дури објави официјално соопштение, па имаше контраудар од другите клубови кои тоа го видоа како притисок врз судиите.

На клубовите од Ла Лига им се доста обвиненија од Реал Мадрид за притисок врз судиската заедница. На состанокот на Фудбалската федерација на Шпанија, Ла Лига и Техничкиот комитет на судии покажаа незадоволство кон Реал и побараа преземање на мерки. Острата изјава на Реал по натпреварот со Еспањол беше капката која ја прели чашата“, напишаа од Марка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×