Шкупи се засили со фудбалер од Италија кој има македонски пасош

by Стефан
0 минути читање

Екипата на Шкупи денеска го потврди 21-годишниот Белул Елмазоски за свој нов фудбалер.

Во прашање е фудбалер кој има македонски пасош со потекло од Струга, но во изминатите години бил во Италија каде што поминал неколку младински школи.

Елмазоски во Шкупи пристигнува да ја засили позицијата на крилен напаѓа. Бидејќи како што споменавме поседува македонски пасош тој ќе може да биде регистриран како домашен фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани