Eкипата на Вардар во овој период е на подготовки во Анталија каде што денеска „црвено-црните“ требаше да го одиграат првиот контролен натпревар, но истиот одложен.
Од редовите на Вардар информираа дека средбата со Актобе е одложена поради лошите временски услови во Анталија.
„Заради големото невреме и обилните дождови што денеска ја зафатија Анталија, беше одложен подготвилениот пријателски натпревар со ФК Актобе (Казахстан) Затоа утре ќе има нов натпревар, но против Софијски “Септември”, прволигаш кај нашиот источен сосед, во 15.30 часот по локално време“, информираа од Вардар.
Вардар до крајот на подготовките (8 февруари) покрај средбата со Септември Софија ќе одигра дуели уште со: ФК Ибериа, НК Верес Ривне, Аквитал Чаквар и Рапид Виена.