772
Црвена Звезда претрпе пораз од ПСВ (2-3) во Лигата на шампионите.
По натпреварот интересен коментар имаше од Шериф Ндијае за една неискористена шанса при резултат 0-0. Тој отворено зборуваше, кажа дека никогаш не сака да промашува и ако тоа не е случај веројатно ќе играше за поголем клуб.
„Секогаш кога ќе промашам, сите зборуваат за тоа. Но тоа не го правам намерно, како да сакам да не дадам гол. Играм 100% за да му помогнам на тимот. Ако можам да дадам гол, ќе дадам. Понекогаш промашувам, тоа едноставно се случува. Да сум играч кој дава гол од секоја шанса, немаше да бидам тука туку ќе играв за Реал Мадрид“, изјави Шериф.
За крај на европската авантура Црвена Звезда ќе гостува кај Јанг Бојс следната среда.