Норвежанецот Ерлинг Халанд неодамна го продолжи договорот со Манчестер сити и според него ќе остане на „Етихад“ до 2034 година.
Халанд во медиумите се поврзува со Реал Мадрид и Барселона, но тој тврди дека воопшто не размислува на тие теми.
„Кога дојдов во Манчестер сити се чувствував како дома. Среќен сум и јас и моето семејство, а тоа е она што го посакував. Со сите кои разговарав ме убедија дека останувањето тука е најдобро решение и сега радувам на годините кои следат“, изјави Халанд.
Запрашан дали тоа значи дека нема во иднина да го облече дресот на Барселона или Реал Мадрид одговори:
„Само што го продолжив договорот на девет години. Што сакате да ви кажам? Среќен сум. Одлуката беше лесна“, истакна норвешкиот голгетер.