775
Манчестер Јунајтед претрпе нов шокантен пораз во Премиер лигата, овојпат од Брајтон (1-3) на „Олд Трафорд“.
Еден од трагичарите повторно беше голманот Андре Онана. Камерунецот при една уфрлена топка требаше само школски да реагира и да ја скроти, меѓутоа ја испушти и подари гол.
Казната ја егзекутира резервистот Џорџино Рутер кој во 76. минута стрела за конечните 1-3.