391
Toa што се најавуваше сега е и официјално потврдено, Грузиецот Квича Кварацхелија е нов фудбалер на Пари Сен Жермен.
Кварацхелија со ПСЖ потпиша договор на три години, а Наполи за неговото заминување ќе добие сума од 70 милиони евра.
ПСЖ се обиде да го доведе Кварацхелија и изминатото лето како замена за Мбапе, но тогаш не успеа. Сепак, сега самиот фудбалер изврши притисок и Наполи немаше избор.
Во дресот на Наполи Кварацхелија вкупно постигна 30 гола на 107 натпревари.