Официјално: Барди повеќе не е фудбалер на Трабзонспор

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Трабзонспор попладнево ја потврди разделбата со македонскиот капитен Енис Барди.

Барди и Трабзонс спогодбено се одлучија да стават прекин на соработката, па македонскиот репрезентативец сега ќе биде слободен да потпише за друг клуб.

Трабзон го испрати Барди со благодарница за се што направил за клубот додека го носеше нивниот дрес.

Во редовите на Трабзон Барди пристигна во 2022 година, а претходно беше дел од Ујпешт од Унгарија, шведски Преспа Бирлик и во младинските категории на Шкупи и Брондби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани