Maкедонскиот фудбалер Даниел Аврамовски на социјалните мрежи објави дека се разделува од турскиот Болуспор.
Аврамовски го напушта турскиот клуб по само една година, a познато е дека продолжува во редовите на Игдир исто така од Турција.
„Им благодарам на сите во Болуспор, од нашиот претседател, до менаџерите, тренерите, играчите, персоналот и фановите. Благодарен сум за поддршката што ми ја дадовте и незаборавните моменти што ги минавме заедно. Би сакал особено да му се заблагодарам на мојот учител Јалин Коњукавак.
Тој беше најголемата причина што дојдов во Болуспор и секогаш ми даваше неверојатна поддршка. Останав во Болуспор само една година, но тоа време беше како десет години. Затоа што спомените што ги доживеав тука имаат место во моето срце кое никогаш нема да биде избришано.
Можеби повеќе нема да го делиме истиот дрес, па дури и да бидеме ривали на теренот следната недела, но секогаш ќе бидете мои пријатели. Големи победи, големи достигнувања, пријатни спомени, убави времиња поминати во Болу. Никогаш нема да ве заборавам“. Се најдобро од срце ви посакувам. Се гледаме наскоро браќа мои!“, објави Аврамовски на социјалните мрежи.
Во Болуспор Аврамовски пристигна од Сараево, а низ кариерата настапуваше уште за: Кајсериспор, Вардар, Олимија, Војводина, Црвена Звезда, ОФК Белград, Работнички и Македонија Ѓорче Петров.