Дејвид Мојс се враќа таму каде што се прослави, ќе биде нов тренер на Евертон!

by riste
1 минути читање

Дејвид Мојс ќе биде новиот тренер на Евертон, овој викенд ќе го потпише договорот со клубот од Ливерпул.

Според „Тајмс“, се е договорено, Мојс ќе стави потпис на договор до јуни 2027 година.

Тој разговарал со менаџментот и со новите сопственици на клубот, му се допаднал проектот и ја прифатил работата.

Дејвид Мојс се прослави токму во Евертон, дури 11 години беше тренер на овој клуб, од 2002 до 2013 година кога замина во Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани