Сити го „победи“ Реал и е пред потпис со скап узбекистански стопер од Ленс!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити е пред целосен договор со францускиот клуб Ленс за трансферот на Абдукодир Хусанов.

Се работи за 20-годишен стопер кој во јули 2023 година пристигна во Ленс од редовите на белоруски Енергетик, а матичен клуб му е Буниодкор во родниот Узбекистан. За овој трансфер Сити ќе мора да издвои околу 50 милиони евра.

„Граѓаните“ веќе некое време работат на постигнување договор со Ленс, од крајот на 2024 година течат преговорите, а Пеп Гвардиола даде зелено светло за ова момче. Хусанов сезонава во Лига 1 одигра 13 натпревари, а веќе е сениорски репрезентативец на Узбекистан со 18 настапи.

Инаку, сезонава Хусанов беше на радарот и на Реал Мадрид, меѓутоа „кралевите“ не сакаа да ги исполнат финансиските барања на Французите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани