Барселона го реши проблемот со Олмо и Виктор, а сега суспензија му се заканува на – Лапорта!

by Стефан
1 минути читање

Барселона долго време водеше битка за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор, а тоа придонесе и бурна прослава на претседателот Лапорта во натпреварот против Атлетик Билбао кој се играше само два часа откако стигна добрата вест за каталонскиот гигант.

Прославата на Лапорта во која навредуваше членови на Управниот одбор на Шпанската федерација кои присуствуваа на натпреварот медиумите ја оценија како скандалозна.

Според информациите, Лапорт во својот испад ги нарекувал „кукавици“, „бесрамници“ и „плашливци“, додека на директорите на Ла Лига им се обратил со зборовите „кучкини синови“.

Поради ваквото однесување се најавува дека првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија, Рафаел Лузан размислува да отвори дисциплинска постапка против Лапорта.

Се шпекулира дека казната за Лапорта може да биде ригорозна, па дури и суспензија за вршање на било каква должност во клубот одредено време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани