Беса го именуваше Горазд Михаилов за нов тренер

by bojan
1 минути читање

Беса брзо реагираше по разделбата со Бобан Бабунски и го именуваше Горазд Миахаилов за нов тренер.

Беса на средината од декември месец го ангажираше Бобан Бабунски за нов тренер, но стратегот оваа недела го напушти тимот од Добридол без ниту еден натпревар на кормилото.

Новајлијата во ПМФЛ реагираше брзо и попладнево објави дека Горазд Михаилов е именуван за нов предводник.

Заедно со него пристигнуваат и Златко Ристов како помошник тренер и Иван Тиосављевиќ како кондициски тренер.

За Горазд Михаилов ова ќе биде трет клуб оваа сезона, прво беше тренер на Вардар, а потоа застана и на кормилото на Брера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани