575
Коби Мејно е незадоволен од понудата на Манчестер Јунајтед за нов подобрен договор.
19-годишникот има договор со „црвените ѓаволи“ до 2027 година, меѓутоа клубот сака да го награди со подобрени услови. Мејно бара 200.000 фунти неделна плата, а тоа би го направила еден од најплатените во клубот.
Манчестер Јунајтед не е подготвен да плати толку, па дојде до застој во преговорите. Младата ѕвезда е незадоволна, меѓутоа засега не размислува за заминување.
Ако се реши на такво нешто подготвени да го откупат се од Челси. „Сините“ сакаат да платат добра трансфер сума, но би му ги исполниле и барањата за плата.