Барселона ќе мора повторно на суд за Дани Олмо

by 24 фудбал
1 минути читање

Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација ја одбија Барселона, недозволувајќи ѝ да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор.

Ова е нов огромен удар за каталонскиот гигант кој мака мачи со финансиите. Клубот поради тоа ќе мора повторно да оди на суд. Челниците веќе најавија дека третпат ќе се обидат преку судот да ја добијат правдата.

Во моментов Олмо и Виктор се избришани од тимот на Барселона за настапи во 2025 година.

Ла Лига во целост го избриша Олмо од тимот, па тој е практично слободен играч иако има договор со Барса до 2030 година. Доколку не најде решение за кризата клубот ризикува да добие удар кој би бил фатален, бидејќи ќе остане без 260 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани