1,1K
Арсенал ја плати цената за победата над Кристал Палса (2-4) на „Селхрст Парк“ во Премиер лигата.
Уште во првиот дел Микел Артета мораше да го замени Букајо Сака во 25. минута поради повреда. Веднаш не изгледаше многу добро, па Англичанецот по мечот на патерици го напушти стадионот.
Сега се потврди „црното сценарио“. Сака има повреда на бутниот мускул на десната нога поради која го очекува релативно долга пауза. Англиското крило ќе биде во „аут“ најмалку шест седмици, а максимумот е поставен на осум.
Тоа значи дека Арсенал во најдобар случај ќе биде без Сака до почетокот на февруари, а во најлош до втората половина на вториот месец во 2025 година.