1,1K
Eкипата на Барселона има проблеми со регистрацијата на Дани Олмо и како што стојат работите каталонскиот гигант ќе мора да продаде некој фудбалер за да го регистрира за вториот дел од сезоната.
Пред почетокот на сезоната Барселона го регистрираше Олмо така што ја искористи повредата на Кристијансен, но тоа беше регистрација која важеше само до крајот на актуелната година и од јануари според сегашната ситуација Олмо нема право за настап.
Во Барселона сега се во потрага по ново решение и се најавува дека „жртва“ би можел да биде Ерик Гарсија кого Барселона може да го продаде за 25 милиони евра.