Според пишувањата на Телеграф, Маркус Рашфорд посакува да се пресели во топ клуб од Ла Лига доколку го напушти Манчестер јунајтед.
Иднината на Маркус Рашфорд на Олд Трафорд е под голем прашалник, медиумите се почесто пишуваат дека Манчестер јунајтед сака да го продаде Англичанецот, а и самиот напаѓач оваа недела потврди дека е подготвен за нов предизвик.
Како што пренесува Телеграф, Маркус Рашфорд посакува преселба во топ клуб од Ла Лига доколку ги напушти „ѓаволите“.
Барселона и Реал Мадрид се желбите на напаѓачот, но во моментов двете опции се тешко остварливи.
„Каталонците“ немаат финансиски средства за да реализираат еден ваков трансфер, додека пак „кралевите“ се прилично добро покриени во офанзивата и главниот фокус им е како да го извадат најдоброто од Килијан Мбапе.
Телеграф додава дека Маркус Рашфорд сигурно ќе добие понуди од Саудиска Арабија, каде интерес за неговите услуги пројавуваат Ал Итихад, Ал Наср, Ал Хилал и Ал Ахли.