1,4K
Нигериецот Адемола Лукман е избран за најдобар афрички фудбалер за 2024 година.
Напаѓачот н а Аталанта ја прими наградата на манифестацијата организирана од Афричката фудбалска конфедерација во Маркеш.
Вкупно во минатата сезона за клубот од Ломбардија Лукман постигна 17 голови, а најмногу се истакна во финалето во Лига Европа во кое ги постигна сите три гола против во победата над Баер Леверкузен (3:0).
Лукман во финалето ги победи: Ашраф Хакими (ПСЖ-, Серхи Гираси (Борусија Дортмунд), Симон Адингра (Брајтон) и голманот Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сундоус). Победникот го избираат тренерите и капитените на репрезентациите.
Игра одлично Лукман и оваа сезона во која веќе постигна 11 погодоци.