Барселона и сега мака мачи со регистрација на фудбалерите, а најголем проблем претставува Дани Олмо.
Шпанскиот репрезентативец кој летово дојде од РБ Лајпциг потпиша договор до 31 декември од проста причина што Барса само до тогаш можеше да „си го дозволи“. Се работи за отворање на место во буџетот за Олмо да добие долгогодишен договор, а времето полека истекува.
Доколку Барселона не пронајде решение за статусот на фудбалерот, Олмо после 31 декември можем бесплатно да си замине. Ако не биде регистриран за вториот дел од сезоната огромна е веројатноста дека Шпанецот сам ќе посака да си оди, а клубот нема да може да го спречи никако.
Во минатоот Барселона на различни начини собираше средства за ваквите проблеми. Сега идејата е да се продадат ВИП местата на „Камп Ноу“ во период од 20 години, а тоа би генерирало околу 200 милиони евра. Сепак, засега нема индиции дека истото набргу ќе се реализира.