Гатузо го промени имиџот: Вака не изгледал 22 години! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Предводникот на Хајдук, Џенаро Гатузо одлучи да го промени својот имиџ и по цели 22 години ја избричи брадата од неговото лице.

Гатузо на ваков потег се одлучи во акцијата за будење на свесноста за машкото здравје која ја спроведе Хајдук.

„По ниту помалце, ниту повеќе 22 години тренерот на првата екипа, Џенаро Гатузо во склоп на хуманитарната акција ја избричи брадата“, објави хрватскиот клуб.

Покрај Гатузо како што може да се види во објавеното видео на социјалните мрежи во акцијата учествувале и уште неколку други фудбалери на Хајдук.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани