Eкипата на Челси игра фантастично во новата сезона од Премиер лигата и најголем дел од јавноста на „сините“ гледа како најпријатно изненадување бидејќи по 16 кола се наоѓаат на втората позиција.
На оваа тема зборуваше легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер кој истакна дека на Челси не може да се гледа како аутсајдер бидејќи во изминатите години потрошија огромна сума.
„Тука не може да се зборува за аутсајдери. Како може да бидат аутсајдери ако потрошија 1.2 милијарда евра во последните две ипол години“, изјави Карагер.
Секако легендарниот дефанзивец алудираше на сумата која на „Стенфорд Бриџ“ ја потрошија за доведување на засилувања од влегувањето на Американецот Тод Боели во клубот на местото на Роман Абрамович.
Jamie Carragher disagrees about Chelsea having an “underdog story” this season ❌⬇️ pic.twitter.com/vj1T7kyuzq
— Attacking Football (@AttackingFooty) December 8, 2024