Ужас во Гвинеја: Над 100 загинати во немири на фудбалски натпревар (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Гвинеја

Турнир во чест на воениот лидер на Гвинеја, Мамади Думбуја донесе огромна трагедија, над 100 луѓе, меѓу кои и многу деца, го загубиле животот во немири и стампедо.

Ужас на фудбалски натпревар во Гвинеја, локалните медиуми пишуваат за голем број на загинати лица отккако избиле немири и стампедо.

На турнир во чест на воениот лидер Мамади Думбуја, синоќа во финалето се сретнале екипите на Н’Зерекоре и Лабе, еден спорен пенал за домаќините придонел за ескалација на случувањата.

Гостинските навивачи незадоволни од одлуката почнале да фрлаат камења и се симнале на теренот. Полицијата фрлила солзавец за да ја смири ситуацијата, но ова само придонело да се направи поголем хаос и стампедо.

Немирите резултирале со стотици загинати, помеѓу кои и деца и фудбалери. На социјалните мрежи се појавија потресни фотографии од тела на улиците и ходниците во болниците, а локалните мртовечници веќе се преполни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани