Верати може да се врати во Серија А и тоа во тим со кој ќе се бори за Скудето

by Стефан
1 минути читање

Италијанецот, Марко Верати би можел по нешто повеќе од една година да се врати во европскиот фудбал и тоа во неговата Италија.

Според пишувањето на шпанската „Марка“ актуелниот шампион на Серија А, Интер важи за сериозен кандидат да тргне по неговиот потпис.

Репрезентативниот европски шампон од 2021 година минатиот септември го напушти стариот континет и се пресели во Катар, но сега според бројни медиуми сака да се врати во Италија.

Повеќе од еден месец, Верати е во втор план во Ал Араби и не одиграл ниту минута, па поради тоа и се очекува да замине. Во Европа Верати би добил многу помала плата од сумата од 30 милиони евра годишно, но негова најголема желба е да влезе во натпреварувачки ритам и да биде во конкуренција за настап со Италија на Мундијалот во 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани