Ристовски: Без разлика што загубивме, горд сум на соиграчите

by 24 фудбал
1 минути читање

Стефан Ристовски беше капитен на Динамо Загреб во поразот од Борусија Дортмунд (0-3) во Лигата на шампионите.

Македонскиот интернационалец е стандарден во тимот на „модрите“, а сега имаше чест да ја носи и капитенската лента. По поразот го анализира одиграното и нагласи колку е горд на своите соиграчи.

Се боревме до самиот крај. Кажав пред натпреварот, игравме против сериозна екипа која лани беше финалист. Со оглед на повредите, сакам да им честитам на соиграчите. Горд сум на одиграното. Без разлика на поразот, покажавме добро лице. Голот на крајот од првиот дел нè исфрли од рамнотежа. Мора да го заборавиме овој неуспех и да се насочиме кон Хајдук“, изјави Ристовски.

Динамо Загреб по пет меча во Лигата на шампионите има седум бода и се наоѓа во борба да се пласира во нокаут фазата.

Динамо Загреб не го одбрани домашниот терен и со 0-3 го загуби натпреварот со Борусија Дортмунд во петтото

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани