„Што се случува со Мбапе?… Погледнете само колку беше исплашен кога го шутираше пеналот!“

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути вели дека Килијан Мбапе игра без самодоверба и смета дека напаѓачот имал исплашено лице кога го шутирал пеналот кој го промаши против Ливерпул.

Дербито во 5. коло во Лигата на шампиони се играше на Енфилд, Ливерпул го пречека Реал Мадрид.

„Црвените“ славеа со 2-0, но резултатот можеше да биде поинаков, Килијан Мбапе промаши пенал и испушти шанса да изедначи на 1-1. Мохамед Салах подоцна исто така не реализираше најстрога казна, но со оглед на тоа дека „кралевите“ изгубија, Французинот е тој кој се најде на тапет.

„Мбапе не е игра на потребното ниво, и тоа е прилично очигледно. Го немаше никаде на двата големи теста (Ел Класико пресметката со Барселона и вчерашниот дуел со Ливерпул)“ – вели поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути.

„Би сакал да дознаеме што се случува со него. Мене ми изгледа дека има голем проблем со самодовербата, како да се плаши…  Видите само како имаше исплашено лице пред да го шутира пеналот“.

„Но ова од една страна е нормално, дресот на Реал Мадрид тежи како никој друг“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани