Баерн Минхен го совлада ПСЖ во дербито на првиот натпреварувачки ден од петтата рунда на Лигата на шампионите.
Со голот на Ким Мин Јае баварците дојдоа до предност и победа против ривалот од Париз. Со оваа победа продолжи чудесната низа на Баерн дома во првата фаза на Лигата на шампионите.
На 33. натпревар во низа баварците не загубија на „Алијанц Арена“ во ова натпреварување. Досега тоа важеше за групната фаза, а сега го продолжија тоа и во лигашкиот дел од натпреварувањето. За ситуацијата да биде уште почудесна, Баерн победи на 31 од тие натпревари.
Последен пат Баерн загуби дома во 2013 година од Манчестер Сити (2-3). Сега германскиот гигант се израмни со Барселона која имаше таква низа од 2009 до 2020 година.