19
Барселона вчера со 3-0 го победи Брест во Лигата на шампионите, а по мечот Ханси Флик ги израдува навивачите откривајќи дека Ламин Јамал би можел да се врати веќе во сабота.
Барселона не е иста без Јамал, додека тој е во аут, каталонците загубија пет бода во Ла Лига откако беа поразени од Реал Сосиедад и одиграа реми против Селта.
Имаше разни информации за повредата на Јамал, некои одеа дотаму дека таа е иста како онаа на Де Јонг, па фудбалерот подолго време ќе биде во аут.
Но, по вчерашниот меч Флик сподели добра вест за навивачите на Барса, Јамал би можел да игра веќе во сабота.
„Му реков на Ламин Јамал дека се надевам дека ќе биде со нас во сабота. Тој ќе почне да тренира од утре (денеска)“, откри Флик.