На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од 15. коло во Втората лига.
Екипата на Брегалница успеа да слави и да ја оправда фаворитската улога на гости кај Беласица со 0:1. Херој на гостите беше Зоран Ивановски кој го постигна единствениот погодок на натпреварот.
Македонија Ѓорче Петров која е во битка со штипјани за врвот на табелата исто така запиша победа и тоа убедлива против Вардар Неготино со 5:0.
Чекорот со водечките екипи продолжи да го одржува и Башкими кој со минимални 1:0 го совлада Кожуф, со истиот резултат Арими беше подобар од Борец.
Интересно за ова коло е што дури три екипи (Македонија Ѓорче Петров, Новаци и Каменица Саса) постигнаа по пет гола што е реткост.
TAБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 32, Брегалница 30, Башкими 29, Арсими 26, Каменица Саса 21, Детонит Плачковица 21, Кожуф, 18, Новаци 17, Беласица 16, Скопје 16, Победа 13, Вардар Неготино 11, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2
ВМФЛ 15. КОЛО
Арсими – Борец 1-0
Башкими – Кожуф 1-0
Беласица – Брегалница 0-1
Каменица Саса – Вардарски 5-1
Македонија ЃП – Вардар Неготино 5-0
Новаци – Осогово 5-0
Охрид – Детонит Плачковица 1-3
Победа – Скопје 0-1