Агентот на Погба забележан на преговори, Французинот останува во европскиот фудбал?

by Стефан
1 минути читање

Зад Французинот Пол Погба е исклучително тежок период. Погба беше позитивен на допинг тест, а неговата суспензија која првично беше четири месеци му се намали на 18 месеци.

Тоа значи дека 31-годишниот фудбалер на терените ќе се врати во март 2025 година, но тоа нема да биде во дресот на Јувентус.

Италијанскиот клуб не сака да го задржи во своите редови и Погба иако има голема желба да се докаже во Торино во јануари ќе мора да бара нова средина. Се поврзуваше со неколку клубови од МЛС лигата и Саудиска Арабија, меѓутоа сега се појави и опција да остане во Европа.

Турските медиуми пренесуваат дека агентот на Погба бил забележан во друштво на раководството на Галатасарај на преговори за негово доаѓање во клубот.

Погба има големо искуство зад себе на највисоко ниво и ако успее да влезе во потребната физичка форма сигурно дека ќе биде големо засилување за турскиот гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани