Поранешната ѕвезда на Борусија Дортмунд, Марко Ројс проговори за своето патешествие во Лос Анџелес и потрагата на соодветен дом, откри дека за малку ќе се вселел во „хорор куќа“ каде последните станари биле дилери на дрога.
Марко Ројс минатото лето ја напушти Борусија Дортмунд по 12 години престој на „Сигнал Идуна Парк“.
Германецот имаше можност да заработи многу пари во Саудиска Арабија, но се реши за авантура во САД и преселба во ЛА Галакси.
Тој сега открива дека имал патешествие во потрагата на соодветен дом во Лос Анџелес, и за малку ќе се вселил во „хорор куќа“.
Марко Ројс и неговата партнерка Скарлет посетиле околу 30 куќи и на крајот списокот го скратиле само на две, фудбалерот навалувал за едната куќа, неговата девојка за другата.
Кога ја посетиле куќата која ја пикирал Марко Ројс, веднаш забележале чудни работи, влезната врата била разбиена, имало искршени прозорци и многу други видливи оштетувања на ентериерот.
Но само откако разговарале со еден од соседите, дознале што точно се случувало, последните станари биле дилери на дрога.
ФБИ во неколку наврати ја посетиле куќата, а последниот пат била спроведена рација во која десетина агенти влегле внатре и ги уапсиле сите.
Претходно во куќата живеело лице кое цело време правело забави, а неколку години пред тоа, бил убиен човек пред портите на имотот.
Кога ги слушнале сите овие приказни, Марко Ројс и Скарлет решиле да ја одберат втората опција и куќата во Њупорт Бич, лоцирана на околу 40 минути возење од Лос Анџелес.