62
Maкедонскиот фудбалер Ердон Даци по голот од половина терен викендов го постигна и својот втор погодок во дресот на белгискиот второлигаш Деинзе.
Даци стрелаше во ремито на неговиот тим против Ломел, а погодокот го постигна од пенал во 62. минута од средбата.
Од почетокот на сезоната покрај двата гола македонскиот фудбалер има и една асистенци, додека неговиот тим се наоѓа на четвртото место во второлигашката конкуренција.