Ветеранот Николас Отаменди според најавите во јануарскиот преоден рок ќе ја промени средината.
Отаменди е член на Бенфика и има договор до крајот на сезоната, сепак големи се шансите веќе во јануари да го видиме во нов клуб.
Аргентинецот е искусен фудбалер кој остави длабока трага во европскиот и светскиот фудбал, меѓутоа веќе е во години кога мора да размислува и за пензионирање. Од почетокот на сезоната редовно е дел од стартниот тим на Бенгика, а според најавите негов нов клуб ќе биде Ривер Плата.
Во редовите на Бенфика Отаменди пристигна во 2020 година, додека претходно го носеше дресот на Велез Сарасфилд, Порто Валенсија, Атлетико Минеиро и Манчестер сити.
Долго време беше дел и од аргентинската репрезентација за која на 121 натпревар постигна седум погодоци.