69
Oд редовите на Шкупи објавија соопштение пред натпреварот против Вардар во кое се жалат на изборот за судии за натпреварот против Вардар.
Во Чаир се незадоволни затоа што за главен арбитар е назначен Игор Стојчевски на кого ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
„Како клуб сме многу загрижени за ваквата одлука бидејќи Игор Стојчевски е не списокот на непосакувани судии за нашиот тим и за тоа од поодамна е известена Судиската комисија. Затоа јавно прашуваме зошто рпотив Вардар во еден важен натпревар повторно се појавува името на Игор Стојчевски“, стои помеѓу другото во соопштението.