Навивачките групи на Палмеирас и Крузеиро имаа судир на улиците на Куртиба, а во тој судир еден од навивачите трагично загина во пожар предизвикан од пиротехничките средства.
Судирот се случил кога навивачите на Крузеиро се враќале од натпреварот со Атлетико и тогаш биле нападнати од групата „Манче Верде“, ултрасите на Палмериас.
Во нападот врз автобусот полн со навиваи се користеле огномети, факели и петарди. Судирот продолжил и на улиците каде што бил застрелан еден фан кој починал на лице место.
На социјалните мрежи е објавена снимка каде што се гледа инцидентот и телата на повредените и онесвестените млади момчиња, додека маскирани хулигани напаѓаат со разни предмети. Инаку, ова не е прв ваков крвав судир на двете групи, еден имаа и во 2022 година кога животот го загубија четири лица.