Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров и Брегалница ја оправдаа фаворитската улога и дојдоа до победи во рамките од деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига.
„Лавовите“ на свој терен играа против Кожуф и беа сигурни славјеќи победа од 3:0, па така остана на врвот на табелата.
Брегалница на свој терен исто така запиша победа од 2:0. Стрелци на головите во првото полувреме беа Галевски и Фејзулаи.
Арсими кој исто така е блиску до врвот на домашен терен одигра 0:0 против Скопје, па така Башкими со победата над Саса дојде до третото пред Арсими.
Беласица дома беше подобра од Осогово со минимални 1:0, додека Борец и Дентонит ремизираа 0:0.
ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров, 22, Брегалница 21, Башкими 20, Арсими 19….