Новинарот Мајк Киган објави дека Манчестер јунајтед стапил во контакт со лутиот градски ривал Манчестер Сити и прашал дали Алехандро Гарначо и Коби Мејно можат да бидат „префрлени“ до Париз за церемонијата на која ќе се доделува „Златната топка“.
Откако Сер Џејмс Ратклиф стана ко-сопственик на Манчестер јунајтед, бизнисменот реши да крати трошоци, па 250 луѓе, кои долги години беа дел од клубот, останаа без работа.
Овој месец, слична судбина го снајде и легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој доби отказ од функцијата амбасадор бидејќи неговата плата од 2 милиони фунти била преголем трошок.
Последните информации на медиумите од „островото“ само дополнително ќе го навлечат гневот на навивачите.
Новинарот Мајк Киган откри дека Манчестер јунајтед стапил во контакт со Манчестер Сити и прашал дали Алехандро Гарначо и Коби Мејно можат да бидат „префрлени“ до Париз за церемонијата на која ќе се доделува „Златната топка“.
Од таборот на „граѓаните“ културно одговориле дека нема место во приватниот лет кои тие го организирале.
Многу од навивачите на Манчестер јунајтед на социјалните мрежи се прашуваат на кое ниво паднал нивниот клуб чим се бара една ваква услуга од лутиот градски ривал со цел да се заштедат неколку десетици илјади фунти.