Во Милан бесни на одлуката да се одложи мечот со Болоња па добија порака: Дојдете со лопати и чистете кал!

by bojan
1 минути читање
Болоња

Одлуката да се одложи натпреварот помеѓу Болоња и Милан е една од топ темите во фудбалска Италија, „росонерите“ се бесни, а навивачите на „рособлу“ им порачаа да дојдат со лопати и да чистат кал.

Болоња и околината е погодена од поројни дождови кои донесоа поплави, па градоначалникот уште во четвртокот соопшти дека нема услови за фудбал на „Ренато Дал’Ара“.

Серија А вчера и официјално соопшти дека е одложен натпреварот помеѓу Болоња и Милан, одлука која не им се допадна на „росонерите“.

Во Милан се бесни и сметаат дека ситуацијата морала да се изменаџира подобро поради густиот распоред (првиот слободен термин за преигрување е дури на почетокот во 2025 година) и требале да се разгледаат опциите за играње на неутрален терен, тие веќе имале резервирано хотели во Комо, Верона и Емполи, градови кои можеле да бидат домаќини.

Не само ова, „росонерите“ добија уште еден удар поради одлуката да се одложи натпреварот со Болоња, Фонсека нема да може да смета на Тео Ернандез и Тиџани Рајндерс за дербито со Наполи следниот викенд, двајцата фудбалери ќе бидат суспендирани за овој голем натпревар.

Од друга страна, во Болоња се задоволни од ваквиот расплет на настаните и на критиките од Милан одговорија со кратка порака: „Дојдете со лопати и чистете кал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани