Тен Хаг експериментира, бек му играше полушпиц и имаше хит-објаснување: Го знам од Ајакс…

by 24 фудбал
1 минути читање

Одново Ерик Тен Хаг имаше свој експеримент на гостувањето на Манчестер Јунајтед кај Фенербахче (1-1) во Лигата на Европа.

На позицијата полушпиц изненадувачки се најде бекот Нусаир Мазрауи. Мароканецот заигра зад Хојлунд, иако можеби имаше подобри опции за оваа позиција, а навивачите беа збунети. За својот експеримент Тен Хаг даде хит-објаснување, велејќи дека го знае Мазрауи уште од Ајакс, а јавна тајна е колку тој ги цени фудбалерите кои ги тренирал во овој клуб…

Го ставив Мазрауи на позиција десетка. Го знам од Ајакс, понекогаш играше на тоа место во Холандија. И како бек во нашиот систем тој често игра во полупросторот, способен е за таа задача. Добар е што се однесува до рпесинг, потоа во текот на мечот гледаме што е потребно. Може да игра и на други позиции во офанзивата ако е потребно, во состојба е да биде добар на двете страни од теренот“, објасни Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед во Истанбул поведе со голот на Кристијан Ериксен во првиот дел, но бод за Фенербахче донесе Ен Несири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани