Голем удар за Реал пред „Ел Класико“, се повреди една од ѕвездите во нападот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Новата бразилска ѕвезда Родриго се повреди и мора да паузира од фудбалот.

Асот на Реал Мадрид заработи повреда за време на победата над Борусија Дортмунд (5-2) во Лигата на шампионите. По испитувањата се испостави дека повредата не е пресериозна, меѓутоа доволна за да го оддалечи од терените неколку седмици.

Родриго го очекува пауза, а тоа е голем удар за Реал. На „кралевите“ викендов им следи „Ел Класико“ против лутиот ривал Барселона, па тоа е првиот меч што Бразилецот ќе го пропушти.

Тој нема да може да настапи за Бразил на следната репрезентативна пауза, додека се очекува да ги скокне и дуелите со Валенсија, Осасуна и Милан, а да се врати за точно еден месец против Леганес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани